Кое е најдоброто место за поставување на телевизор?
Малите екрани повеќе не се така мали. Во нашите домови во последните години се вселија сè поголеми и сè потенки телевизори.
Ако и вие планирате да се подновите, би требало да се придржувате кон некои основни правила при одбирањето за повеќе да уживате во натпреварите, омилениот филм, серија или информативните емисии.
Голем простор, голем екран
Првото правило поврзано со големината на екранот гласи – дијагоналата на екранот треба да претставува една третина од оддалеченоста од троседот, или фотелјата. На пример, телевизор со екран од 54 см е идеален за соба во која растојанието помеѓу полицата и местото за седење изнесува 162 см, додека екран со големина од 72 см, бара поголем простор, па ова растојание изнесува 216 см.
Конзолите се практични
Предноста на високо поставениот телевизор најдобро се гледа во малите станови, детските соби и малите дневни соби кои се поврзани со кујната и трпезаријата. За закачување на телевизорот користете практични конзоли кои може да се помрднуваат. Така својата омилена емисија лесно ќе ја гледате од секој агол на собата.
Не се исти сите комоди
Колку и да го негираат тоа, повеќето луѓе мебелот во дневната соба го одбираат и го разместуваат според положбата на телевизорот кој главно се наоѓа на комодата. Но, ако ви претстои купување на полица за ТВ, одбирајте ги оние кои не зафаќаат многу место и во кои има простор за разни ситници како ЦД-а со филмови и музика. Комодата прилагодете ја на постоечкиот мебел и стилот кој доминира во просторот.
Необично и модерно
Во секој амбиент телевизорот не зазема централна позиција бидејќи е вешто вклопен во каскадно поставени затворени полици. Ако сакате телевизорот да дојде до израз, тогаш полиците треба да бидат многу посветли од него, најдобро во бела или во боја на бука и јасен.
Ова модерно решение подразбира апарат со тенок ЛЦД екран кој можете да го закачите на ѕид.
Останатите, класични телевизори треба да бидат оддалечени од ѕидот најмалку 10 см за да не се прегреваат. Истото правило важи и ако ви се поставени во регал или во затворена полица, така што апаратот во тој случај треба да има по 10 см простор за вентилација од сите страни.
Осамете се и уживајте
Според правилата на Фенг Шуи, на телевизорот не му е местото во спалната соба. Но, ако некој од домашните ја зазел дневната соба, а вие не сакате да пропуштите некоја емисија или натпревар, не ви преостанува ништо друго туку да набавите телевизор за спалната соба.