И Барби се истетовира
На прославата на 50-тиот роденден, најпознатата кукла на светот - Барби, освен стандардните убава насмевка, долги нозе и плава коса, добила и неколку тетоважи.
Многу од родителите не го замислувале така изгледот на посебното издание на куклата Барби.
Произведувачот на Барби - Мател, во врска со тетоважите за специјалното издание на оваа кукла и на нејзината пријателка Ники, кажал дека се одлучиле на таков потег само за да куклите бидат во тренд.
Критичарите не се сложуваат со нивнта изјава. Тие тврдат дека на овој начин уште повеке се зголемува сексуалноста кај млади девојки.
Ед Мајо, извршниот директор за заштита на потрошувачи, кажува дека родителите се преплашиле од самата помисла дека нивните деца може да почнат да бараат да имаат такви тетоважи.
Новите кукли Барби се дел од изданието Тоталс Татус. Во секое пакетче има околу 40 тетоважи, кои лесно се нанесуваат на кулката. Меѓутоа Мател веќе два пати ја погрешил реакцијата на јавноста.
Првиот пат кога во продавниците изложиле кукли со тетоважи на стомак, а вториот пат кога одлучиле да произведуваат трудна Барби.
Родителите веројатно забораваат дека децата, лажните тетоважи можат да ги најдат во секое пакетче со мастики за џвакање, а и дека на нивната сексуалност денес влијаат многу други работи за кој пред 50 години не слушнале ни тие самите.