Реакцијата на мајката која за прв пат го слуша гласот на синчето
Благодарение на револуционерна операција, Дон Кеим која оглувела пред 15 години, за прв пат го слушна гласот на својот осум годишен син.
Мајката на три деца ја изгубила надежта дека некогаш повторно ќе слуша, сè додека преку една емисија не и била дадена можноста да оди на оваа операција. Таа страдала од наследно пореметување на слухот, кој го изгубила пред 15 години.
Пред самата интервенција таа признала дека нема воопшто страв од оваа операција, напротив, само се надева на подобрување на ситуацијата.
„Во мислите го слушав гласот на мојот малечок, но знаев дека всушност не можам да го слушнам. Можеби единствено нешто од што се плашам е дека тоа што ќе го слушнам нема да биде истиот глас кој досега го имав во главата.“
„Мама, дали ме слушаш?“ беше трогателниот момент кога синчето Ашер се појави од зад грб на својата мајка.
Погледнете ја нејзината реакција.