Искористете ги предностите на бајатиот леб

Свесни сте дека секојдневно фрлате по неколку парчиња леб, а не знаете како да престанете, бидејќи едноставно не можете да му пронајдете никаква примена во кујната.

iskoristete-gi-prednostite-na-bajatiot-leb-01

Следните 4 совети ќе ви помогнат како да создадете одлични, вкусни грицки или оброци од неколку тврди кришки леб.

1. Чувајте го лебот во замрзнувач, а кога ќе ви затреба извадете го, намачкајте го со масло и неколку зачини и ставете го во микровална. Ќе направите вкусна нафора за само неколку минути, со крцкава корка а мека средина.

2. Печените лепчиња во рерна, со растопен кашкавал и кечап се идеално решение за тврдите кришки леб. Премачкајте со малку маргарин или путер за оброкот да добие прекрасен шмек.

3. Брускетите се одличен домашен производ. Исечкајте го лебот на мали коцки,потопете го во маслиново масло и наросете неколку зачини. Испечете го во рерна додека не добие златно-жолта боја.

iskoristete-gi-prednostite-na-bajatiot-leb-1

4. Тава печен леб, наместо компири. Наредете неколку кришки леб, а потоа редете состојки по желба. Повторувајте го редењето додека не ја наполните тавата, а потоа прелејте јајце. Ќе имате вкусен и едноставен ручек за само неколку минути.

Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg