11 момци од филмовите кои не постојат во реалниот живот
Сведоци сме на голем број филмски проекти од кои произлегува „совршениот“ маж, кој ќе го даде и животот за вас. Но, реалноста е малку поинаква.
Затоа, ви ги претставуваме 11те типа на момци кои никогаш нема да ги сретнете во животот, па затоа не залудно мечтаете по таква љубов.
1. Несебичниот уметник кој сака да ги живеете своите соништа по секоја цена, па дури и кога бродот тоне во средината на Атлантскиот Океан, тој си го жртвува својот живот. ( И покрај тоа што има доволно место да се спасите двајцата.)
2. Момчето кое ви напишало 365 писма во текот на годината. За потоа да се појавите пред него верени со друг, а тој од непозната причина ве носи на романтично пловење по река со лебеди.
3. Човекот кој се заљубува во совршена непозната жена, со која никогаш не се сретнал, никогаш не ја видел и не знае ништо за неа.
4. Човекот кој вели „Како што ти посакуваш“ и „Јас секогаш ќе се враќам по тебе“, сигурно е дел од некоја бајка.
5. Момчето кое се спротивставува на неговото семејство, рецитира поезија, започнува војна за љубовта, а на крајот пие шишенце смртоносен отров за вас.
6. Човекот кој се враќа од мртвите и ги користи сите можни начини за да ве пронајде.
7. Супер романтичното момче од "The Walking Dead" кој има прекрасни рачно напишани романтични пораки.
8. Совршениот ангел кој сака да заспива во вашата прегратка и само заради тоа се откажал да биде вистински ангел во рајот.
9. Човекот кој не се грижи за вашите сексуални активности за пари или пак колку пари ќе заработите на час од него.
10. Неверојатното богато момче кое се чува за вас и вашата љубов, може да го рецитира Шекспир на памет, свири пијано и ве штити од натприродните сили и суштества, додека заљубено ве гледа како спиете.
11. Бред Пит и неговата неверојатна, сјајна коса и совршено обликувано тело.