3 неочекувани употреби на закачалките
Примарниот реквизит на секој плакар освен за закачување на облеката може да послужи и за некои други цели. Едноставниве идеи со обични закачалки ќе ви заштедат време, простор и место, на сосема неочекуван начин.
Дрвените закачалки се одличен реквизит за изработка на полици за закачување и секако обесување на палта. Оваа згодна и иновативна полица можете да ја направите со помош на дрвени закачалки (број по избор), дрвена даска и лепило за дрво.
Од обична метална закачалка лесно можете да направите сосема згодно решение за ролна тоалет, за вашата бања. Потребни ви се само вешти раце и клешта со која ќе ја измените првобитната форма на закачалката и од неа ќе направите нова форма.
Ова навистина едноставно решение не бара никаков напор, доволно е пластичната закачалка со држачи да ја закачите на прегледно место во кујната и на неа да го зацврстите рецептот. Ова е одлична идеја за вештите домаќинки.