17 нешта за кои сте престари после 25 години

Ако сте тип на девојка која се води според онаа изрека „Никогаш не си престара за ...“ време е да ги разгледате следниве ситуации и да одлучите колку е тоа веродостојно.

17-nesta-za-koi-ste-prestari-posle-25-godini-1

После 25тата година во никој случај не смеете да си го дозволите следново:

1. Никогаш не се облекуваjте во розово од глава до петици и не носите мали розови машнички и шноли во косата.

2. Престанете да ги практикувате пофалбите и разговорите од типот „Синоќа бев толку пијана, што ...“

3. Користењето на веб жаргоните како LOL или OMG, заменете го со издржани коментари за вашата возраст.

4. Престанете да им се обраќате на вашите родители со „мамичка“ или „татичко“.

5. Доволно се прашувавте што ќе се случеше ако ја продолжевте љубовната врска со слаткото момче од четврта година, сега е време да продолжите напред.

6. Во никој случај не ги користите речениците на популарната Кери Бредшо како свои мисли.

7. Плишаните играчки не смее да ви заземаат поголем дел од вашата соба.

8. Во никој случај не смеете се да оставите на веројатноста и да верувате дека животот е розова бајка.

9. Мини здолништа кои откриваат повеќе отколку што покриваат едноставно не ви прилегаат повеќе.

17-nesta-za-koi-ste-prestari-posle-25-godini-2

10. Престанете да флертувате со секој маж кој ќе го сретнете.

11. Не им се обраќајте на вашите пријатели со „малечок“ или слични детски надимаци.

12. Бебешкото зборување без сомневање звучи ужасно кога веќе сте прераснале во дама.

13. Да доцните поради шмикната или облеката е сосема недозволиво.

14. Не си дозволувајте да бидете неинформирани, на било кое поле.

15. Престанете да ја оговарате својата пријателка, и онака нема да добиете никаква пофалба за тоа.

16. Престанете да се заљубувате во слатки 17 годишни момчиња кои се копија на вашиот прв дечко.

17. Живејте долгорочно, а не од денес за утре, како што правевте во тинејџерските денови.

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
24 работи што треба да престанете да ги правите во 2024 (за да бидете посреќни и поуспешни) Престанете да им посветувате време на погрешните луѓе, да се плашите да влезете ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg