10 знаци дека се претворате во вашата мајка

Можеби се малку незабележливи, но сигурно имате неколку навики кои сте ги наследиле од вашата мајка. Ако се грижите премногу или пак имате некои чудни лични навики кои речиси никој ваш врсник не ги практикува, тогаш тие се вашето наследство.

10-znaci-deka-se-pretvorate-vo-vasata-majka-01

Ова се десетте најчести и сигурно во барем неколку ќе се препознаете.

1. Ја ставате вашата долна маица во фармерките, за да си го олесните процесот на закопчување.

2. Им кажувате на вашите пријатели дека треба да облечат подебела јакна или да стават подебел шал, бидејќи надвор е премногу ладно.

3. Забележувате дека некој ваш пријател изгубил неколку килограми и веднаш започнувате со совети за начинот на исхрана, а не размислувате за можноста дека тој сакал да изгуби некој килограм.

4. Заспивате околу 22 часот или уште порано, а кога некој ќе ве викне на пијачка тоа време, вие имате изговор дека е доцна.

5. Ги мешате имињата на ѕвездите и славните личности, исто како што и вашата мајка правеше додека ја гледавте омилената серија.

6. Не можете да се прилагодите на новите модни трендови и посигурно ви е да се задржите до едноставните фармерки и маички.

7. Мислите дека домашно направената торта е подобар подарок од шише пенливо вино.

8. Влегувате во собата и инстантно заборавате зошто и како се најдовте таму.

9. Социјалните мрежи некако ви немаат смисла.

10. Прекумерно се грижите за сè што им се случува на вашите пријатели и станувате премногу заштитнички настроени.

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg