Се расфрливте со пари за празниците? Време е за штедење!

Божиќните подароци и празничните забави ве истоштија и физички и материјално, па сега е малку време за одмор и за заштеда.

zastedete-i-izbegnete-ja-post-praznicnata-depresija-01

Јануари се смета за најдепресивен месец во годината, бидејќи луѓето се истоштени од празничната еуфорија и свесни се дека следи монотон предиод.

Пробајте да излезете од оваа пост празнична депресија и да заштедите некој денар плус, кој одамна сакавте да го вложите во нешто неопходно.

Намалете го кафето и излегувањето

Најчесто трошиме пари на ситници кои не ги ни запазуваме, а тука спаѓаат кафињата, пијачките и цигарите. Бидете креативни и променете го начинот за дружење. На сите ќе ви одговара малку одмор во домашна атмосфера со домашно направено кафе или пак прошетка во некој парк, на малку воздух и бескрајни разговори.

Одбегнувајте ги попустите

Верувале или не, може да се преживее и без попустите од кои сме преплавени овој месец. Ако ви се неопходни нови чизми или јакна, купете ги, но во друг случај престанете да шетате и со сила да барате нешто што ќе ви се допадне.

Приготвувајте си ги оброците

Со оглед на тоа што повеќе време поминувате дома, одвојте си време за готвење и експериментирање. Така ќе заштедите доста пари и неколку килограми. Поканете ги вашите пријатели на ручек и изненадете ги со нешто вкусно зготвено, наместо постојано да одите во истиот ресторан.

zastedete-i-izbegnete-ja-post-praznicnata-depresija-1

Намалете го користењето на телефонот

Ако сте зависни од телефонски разговори и пораки обидете се да ги сведете на минимум. Подобро викнете ги пријателите на кафе и разговор, отколку да се прилепите за мобилниот.

Симнете некоја програма за вежбање

Ако сте доволно упорни дека сакате да ги намалите килограмите, симнете неколку интересни часови по аеробик од интернет и практикувајте ги секојдневно. Пуштете музика, пуштете ги вежбите и заштедете на членарина и превоз.

Оставете ги картичките дома

Кога имате картици се чувствувате посигурно во продавницата, па затоа корпата одненадеж се преполнува. Во текот на овој месец плаќајте исклучиво со пари за да имате поголема контрола над трошоците.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg