Широка е 2,5 метри, а диета не и паѓа на памет!
Микел Руфинели, од Лос Анџелес, на своите 39 години има точно 190 килограми и секој ден јаде по околу 3.000 калории за да ја одржи својата „линија“.
Таа е жена со најшироките колкови во целиот свет, дури 2,5 метри. Но, и покрај тоа таа се заколнала дека никогаш нема да биде на диета и нема да се обиде да ја намали својата тежина.
Нејзиниот сопруг Ренџи Брукс, со кој е во брак 10 години, ги обожава нејзините колкови и облини.
- Ја сакам својата линија и не гледам причина зошто би била на диета, ако немам проблеми со здравјето. Обожавам мексичка храна, чипс и многу други грицки и слатки. Сопругот секој ден ми кажува дека изгледам навистина секси и нашиот интимен живот е многу добар – објаснила Микел.
Додава дека има одлична поддршка од нејзиниот сопруг, кој секојдневно го поддржува нејзиниот изглед и повторува колку ја сака.
- Мажите не сакаат слаби девојки, повеќе сакаат оформени жени во облик на песочен часовник, со облини – заклучила Микел.
Микел има мали проблеми со поминувањето низ врати, нејзините столици во домот и се зацврстени со метал, а не може ниту да вози обичен автомобил.
Како тинејџерка, била доста слаба а почнала да се дебелее после првата бременост, кога имала 22 години. Таа изјавува како никогаш немала проблем со тежината, како и дека природно е надарена со широки колкови.
Микел е горда на своето тело и е помирена со нејзината тежина, на која напорно работи да ја задржи.