10 интересни факти за женските гради
Кој би рекол дека омилениот женски атрибут крие толку многу тајни, кои сè уште се непознати за спротивниот пол.
1. Женските гради се составени од масти, млечни жлезди и колаген. Млечните жлезди и колагенот со текот на годините се заменуваат со масти, со самиот процес на стареење.
2. Жените исто така имаат влакна на градите. Отприлика по околу 15 влакна е нормално, без оглед дали се тие темни или светли. Нивното растење е многу лесно за контролирање, како и нивното отстранување.
3. Кожата околу градите е тенка и чувствителна, па затоа секоја жена мора да користи масло или крема богата со масла и витамини со која ќе ги негува градите.
4. Брадавиците на секоја жена имаат различен облик и големина.
5. Хормоналните промени во телото имаат големо влијание врз градите, како што на пример тие се многу чувствителни во периодот на циклусот.
6. Хирурзите во текот на една година извршуваат по околу 8,5 милиони операции, од кои 17% е токму вградување на импланти во градите.
7. Чувствителната кожа на женските гради гори многу побрзо отколку било кој друг дел. Затоа се препорачува нега со крема за сончање, и покрај тоа што носите костим за капење.
8. Областа под градите често е многу чувствителна и подложна на инфекции. Затоа на мајките доилки често им се препорачува да го ограничат контактот на бебето со градите.
9. Ако имате импланти во градите, нивната форма со текот на времето може да се промени доколку спиете на стомак.
10. Во текот на физичките активности градите се првиот дел кој секоја девојка треба да го заштити. Стегнатите гради во спортски градник се идеално решение за непријатното чувство при вежбањето или за време на трчањето.