Негативната страна на цртаните на Дизни

Цртаните филмови на Дизни се едни од најпопуларните низ светот од кои многу често се извлекуваат важни поуки кои на младите им се од голема корист.

crtanite-na-disney-imaat-i-negativni-pouki-01

Но, какви други пораки освен позитивни ни испраќаат овие цртани филмови? Ако никогаш не сте ги забележале, размислете за следните пет ситуации и каква е нивната крајна цел.

Пепелашка: Со цел да успеете, не мора да се трудите претерано
Првичната порака е дека соништата се остваруваат. Но, начинот на кој тие се остваруваат и не е така едноставен. Пепелашка немаше потреба да мрдне со прст за принцот да се заљуби во неа, туку за тоа се погрижија добрите вили. Малку погрешен начин да ја постигнете саканата цел, зар не?

Малата сирена: Договорот со ѓаволот никогаш на никој не му наштетил
Пораката која требала да биде испратена е токму тоа дека правата љубов победува се! Но, она што всушност се добива кога ќе размислиме, е договорот со лошата вештерка Урсула кој на крајот и помага за се добро да заврши.

Убавицата и ѕверот: Само затоа што е насилен, не значи дека не е добар човек
Главната порака е дека треба да се однесуваме спрема другите онака како што би сакале тие да се однесуваат спрема нас. Ја разбравме таа порака, да, но ако вашиот сакан е насилен и груб, зад неговиот оклоп можно е да се крие една мила душа полна со љубов. Но, само е можно. Што ако не е така?

Богородичната црква во Париз: Грдото момче никогаш не ја добива убавата девојка
Во овој цртан поуката е исто така сосема во ред – не судете и на книгата според кориците, но зошто тогаш Есмералда завршува со друг маж, а не со Квазимодо? Повторно заклучуваме дека грдото момче никогаш нема да биде со убава девојка, без разлика на неговата добрина и верност.

Заспаната убавица: Доколку некое момче ве спаси, вие му припаѓате
Храбриот принц ја спасува Аурора со бакнеж, а на крајот тоа завршува со среќна свадба. Пораката која требало да се постигне е дека љубовта повторно победува се, но она што го заклучивме е дека оној кој ќе ве спаси во критична ситуација е оној за кој треба да се омажите.

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg