Досега непознати намени на Кока-Колата
Изненадувачки е колку овој пијалак може да ви помогне во секојдневниот живот. Покрај неверојатниот вкус, Кока-Колата има и многу домаќински намени кои ќе ве зачудат.
Чистење на садовите
На дното на тенџерињата по извесно време се таложат нечистотии кои е многу тешко да ги отстраните со вода и сјај. Посипете Кока-Кола во тенџерето и оставете ја да потстои подолго време, а потоа измијте го тенџерето како и вообичаено.
Чисти ‘рѓосани предмети
‘Рѓосаниот предмет кој никако не можевте да го исчистите, оставете го да потстои во Кока-Кола цел ден. Утредента без многу напор ќе успеете да го исчистите целосно.
Го чисти тоалетот
Насобраните нечистотии на дното на шолјата е речиси невозможно да се исчистат. Истурете неколку чаши Кока-Кола и оставете ја да постои колку што можете повеќе. Со следното пуштање вода, се ќе биде почисто.
Ги чисти прозорците
Наместо стандардните средства за чистење, распрскајте на Кока-Колата на прозорците и со неа отстранете ги нечистотиите и маснотијата.
Отстранува флеки од облека
На флеката на било која ткаенина истурете малку Кока-Кола и оставете ја потполно да се впие. Флеката ќе ја промени својата боја, заради нејзиното дејство, но откако ќе ја исперете облеката, флеката веќе нема да се познава.
Го одмрзнува стаклото на автомобилот
Одлично ги чисти заледените стакла на автомобилот, со само неколку рамномерно распрскани капки.
Ја ублажува болката
При убод од пчела или комарец, овој пијалак ја ублажува болката и чешањето. Исто така, за проблеми со стомакот, испијте барем една чаша Кока-Кола, за да ја изедначи вашата pH вредност.
За да престанете да икате
Неверојатен начин како да го замените киселиот лимон кој сте убедени дека помага против икањето.
Отстранува мастика од коса
На праменот од косата на кој е залепена мастиката истурете Кока-Кола и оставете ја да постои неколку минути.