Откријте ја личноста според подарокот
Сезоната на подароци е веќе одамна започната, па затоа лесно може да процените која е вредноста на личноста во вашиот живот, според подарокот кој сте го добиле.
Парфемите, краватите и кошулите како подарок значат дека личноста која го одбрала подарокот не посветила многу време и внимание. Тоа е последица на недоволното познавање, недоволната загриженост или пак недостатокот на време.
Скапиот подарок симболизира натпревар. Се работи за исплашена и несигурна личност која се труди да ве израдува со материјална работа, за сметка на тоа никогаш да не ги покаже своите чувства.
Егоистите ќе ви подарат подарок кој тие самите сакаат да го добијат или ќе можат да го користат покрај вас. Невкусната и вулгарна облека е еден од овие подароци, кои иако знаете дека нема никогаш да ја носите, ја оставате во плакарот во случај вашето момче да го побара тоа од вас.
Лицемерните личности најчесто ќе ви подарат нешто што ќе ги истакне вашите слабости. Тука спаѓаат книгите како побрзо да ослабете, кујнски апарати (ако добро знаат дека не сте домаќинка) или пак ситница поврзана за едноставната работа за која не ве бива.
За крај – романтичарите и оние најсаканите. Тие се тип на личности кои ќе потрошат многу време на подарок. Ќе мислат што некогаш сте посакале, а ви било недостапно од било која причина. Ќе ве израдуваат со ситница која секој ден ќе ја користите или пак со топла облека која секогаш ќе ве потсетува на нив.