Нискокалорични празнични колачиња

Едноставен начин како да се засладите за време на празниците, без да качите неколку килограми повеќе.

niskokaloricni-praznicni-kolacinja-1

Традиционалните рецепти за празнични кекси се едни од највкусните, а воедно со најмалку калории. Пробајте некоја од овие две варијанти на кои едноставно нема да им одолеете.

Ванила ролни

Состојки: 50гр мелено бадеми,  450гр брашно,  120гр путер, 250гр шеќер во прав, 100гр јогурт со арома на ванила, 1 пакување ванилин шеќер.

Подготовка: Измешајте ги бадемите, брашното, маргаринот, 200гр од шеќерот во прав, јогуртот и кесичката ванилин шеќер. Оставете ја смесата да потстои околу еден час. Обликувајте мали кифлички\ролни и распоредете ги на тава за печење. Печете 10 минути на 180 степени. На крај декорирајте со шеќер во прав, чоколаден прелив или мармалад по желба.

niskokaloricni-praznicni-kolacinja-2

Циметни ѕвезди

Состојки: 250гр брашно, 170гр путер, 170гр мелени бадеми, 30гр рендано чоколадо, 170гр шеќер во прав, 2 жолчки, сок од половина лимон, лажичка цимет, цели излупени бадеми, 1 белка.

Подготовка: Путерот, брашното, чоколадото, сокот од лимонот, јајцата, шеќерот и циметот промешајте ги со миксер. Тестото покријте го и оставете го да потстои околу 2 часа на собна температура. Раступкајте го на работната површина и извадите ѕвездички со калап. Распоредете ги на тава за печење и печете 10 до 15 минути на 180 степени. Декорирајте ги со изматената белка и бадемите. По желба додајте им уште малку цимет.

Би можело да ве интересира:

10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
„Златни“ правила за удобно летање со авион, според стјуардеси Ако ве болат ушите, купете тампони за уши и не ставајте вредни работи, како лапт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg