5 најдобро прифатени реклами во 2012
Најдобриот современ начин на рекламирање се токму социјалните мрежи. Тие лесно може да отфрлат, или прифатат некоја реклама и производ, зависно од маркетингот.
Низ социјалните мрежи и општо интернетот, ова се најдобро прифатените реклами во текот на 2012 година, со најпозитивен ефект.
Интересен е фактот дека некои од овие реклами биле создадени од самите компании, без ангажирање на маркетинг агенција.
1. Надвор од овој свет
Клиент: Red Bull
Агенција: Самата компанија
Скокот од работ на вселената беше спонзориран од Ред Бул. Преку 170 милиони луѓе на интернет го следеа овој скок на Феликс Баумгартнер.
2. Еден долар и сон
Клиент: Dollarshaveclub.com
Агенција: Самата компанија
Оваа реклама е вредна околу $4.500 долари, а веднаш по поставувањето на YouTube, нивниот веб сајт паднал, заради преголемата посетеност. Компанијата открила дека само една недела по објавувањето на рекламата се здобила со околу 25.000 нови членови.
3. Зачувување на клиентите
Клиент: Chipotle Mexican Grill Inc
Агенција: Creative Artists Agency's CAA Marketing
Две минутно видео во кое оваа компанија ги прикажува фармерите кои ги применуваат земјоделските методи, кои се пријателски настроени кон животната средина. По само половина година, приходот на оваа компанија се зголемил за 23%.
4. Супер Бол
Клиент: Chrysler Group LLC
Агенција: Wieden + Kennedy
Спотот е направен за потребите на Супер Бол, кој воедно е најгледаното ТВ случување во текот на годината. Спотот е прегледан преку 12 милиони пати на YouTube.
5. Самсунг против Епл
Клиент: Samsung Electronics Co
Агенција: MDC Partners Inc.
Самсунг се проби со рекламата „Следното големо нешто е веќе тука“ веднаш по промоцијата на iPhone 5. Рекламата има преку 22 милиони прегледи, а од Самсунг соопштиле дека преку 90% од коментарите биле позитивни.