Во целата празнична гужва...

Мажите и жените се често како од два различни света, па затоа често не се согласуваат кога станува збор за перцепирање на дел од секојдневните ситуации. Така е и со празничните.

vo-celata-praznicna-guzva-2

Спремањето новогодишни честитки, подароци или вечера е одлично се додека не слушнеме некое мислење или спонтана изјава од нашиот партнер.

Ова се едни од најчестите изјави од спротивниот пол кои навистина може да не вознемират.

Машки изјави:

  • Не успеав да ги најдам колачите кои ги бараше
    ( А пред половина час ги видовте во продавницата, на точното место кое му го објаснивте)

  • Можам ли некако да помогнам?
    (Иако повеќе би сакал да седнам и да прашувам глупави прашања додека гледам во телевизорот)

  • Мислев дека оваа година нема да подаруваме ништо!

  • На Божиќ има одличен филм на телевизија.
    (А вие толку долго ја планиравте вечерата со вашите пријатели, за на крајот повторно да сака да останете дома)

  • Не практикувам материјални подароци за празнициве
    (И покрај тоа што се договоривте да ви купи прекрасни обетки токму по овој повод)

  • Не мораш да се трудиш и да спремаш вечера.

  • Ќе задоцниме, побрзај со твоето спремање!

  • Опушти се.
    (А вие сте само расположена и возбудена)

  • Баш се супер овие боксерки/овој џемпер што ми го даде.
    (Недостасува малку повеќе ентузијазам и среќа)

 
Женски изјави:

  • Мислам дека елката ја намести малку накосо
    (Еднаш, два пати, три пати... Во ред е, доволно)

  • Испи доволно варено вино. Доста е!

  • Те молам, облечи нешто празнично, посвечено.
    (Мажи сме, имаме една облека за свечени пригоди, немаме ништо празнично!)

  • Земи УБАВА хартија за виткање на поклоните!

  • Зема некој подарок за мајка ми?

  • Не јади толку месо и колачи.
    (Во салатите и не може баш да се ужива...)

  • Пушти го моето омилено ЦД.

  • Супер е овој парфем што си ми го купил.
    (А всушност знаете дека сè уште го сака скапиот прстен од излогот, иако е прескап)

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg