3 чекори како да ги избегнете лошите навики

Дали секојдневно се соочувате со некоја навика која веќе со години се трудите да ја одбегнете?

3-cekori-kako-da-gi-izbegnete-losite-naviki

Негативните навики се прифаќаат многу полесно од добрите и корисните. Кога еднаш ќе направите нешто, моментално чувствувате задоволство и олеснување, меѓутоа неколку минути подоцна размислувате како тоа да престане.

Убедете се дека сте посилни од таа ваша навика која никако не можете да ја откажете, со помош на 3 едноставни чекори.

Откријте ја причината зошто таа лоша навика сте започнале да ја практикувате

Ако сте пушач, кога и зошто сте почнале да пушите? Дали тоа го олеснува вашиот стрес и ја спречува вознемиреноста или пак тоа е навика која што ви помага времето побрзо да ви помине додека нешто чекате?

Доколку често пати се забележувате дека јадете и кога не ви се јаде, која е причината за тоа? Дали тоа ве смирува кога сте повредени, дали ви го одвлекува вниманието кога немате што друго да правите или пак едноставно имате некоја цел за која што никогаш не сте размислиле?

Размислете добро зошто таа навика ви е се попривлечна и се потешко ја да оттргнете од себе. Најчесто се работи за емоционална состојба која несвесно ве тера да правите нешто кое што моментално ви го одвлекува вниманието. Единствен начин да си го одвлекувате вниманието со грицкање нокти или цигара е да спречите да се најдете во таа состојба која ве натерала на тоа.

3-cekori-kako-da-gi-izbegnete-losite-naviki2

Пронајдете алтернативни, позитивни навики и однесување

Ако секоја ноќ вашата омилена серија ја очекувате со полни раце чипсови, пуканки или слични грицки и без тоа не можете, време е да најдете некое алтернативно решение. На пример, темпирајте ја вашата вечера за време на серијата. Така нема да внесувате непотребни калории и маснотии, а притоа нема да се чувствувате како нешто да ви недостасува.

Алтернативните решенија се вистинско олеснување во вакви ситуации. Свесно занимавајте се и задавајте си задачи така што нема да имате време кога да посегнете по некоја од вашите лоши навики како на пример цигарите, прекумерните дози на кафе или грицки и слично.

Не заборавајте го напредокот и секојдневно потсетувајте се дека вие го можете тоа

Можеби звучи премногу сериозно за вакви едноставни лоши навини, меѓутоа можете да се зачудите што се можете да постигнете ако верувате самите во себе. Потсетувајте се на секој пат кога сте одолеале на навиката која ве прави зависни, за да можете да го направите тоа уште еднаш. Понекогаш мора да посветите поголемо внимание и самоконтрола од вообичаено за да ги постигнете резултатите кои понекогаш ви се чинат невозможни.

Кои се вашите лоши навики? Дали сте пронашле соодветен начин кој ви помогнал да ги избегнете и заборавите со тек на време?

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg