20 грешки во серијата „Сулејман Величествениот“

Професорот Јусуф Халакоглу, турски историчар, ги наведе 20-те најголеми историски грешки направени во хит серијата Сулејман Величествениот.

20-greski-vo-serijata-sulejman-velicenstveniot

Оваа серија го освои целиот Балкански регион, а е меѓу омилените и кај нас.

Во прилог се 20-те утки:

1. Во серијата султанот носи панталони. Кај Османлиите панталоните се забележуваат од времето на султанот Махмуд II, 1800 та година.

2. Облеката на жените е француска мода од 19ти век. Нема врска со стилот на облекување од 16-тиот век.

3. Кај Османлиите, принцовите не пуштале бради. Така било и со султанот Кануни кога дошол на тронот. Во серијата, тој има брада кога влегува во Истанбул.

4. Во серијата командантот Џафер- паша е убиен со меч. Но, кај Османлиите со висока должност, по пресудата, биле бесени со омот околу вратот.

5. Смртните пресуди се извршувале со помош на балти (вид секира), а личноста од дворецот која била задолжена за ова се викала балтаџија.

6. Во серијата, каменот на кој е убиен споменатиот паша е ибрет- камен, и не ја имал таа функција, туку бил тешхир.

7. Султанот не ја гледал  ликвидацијата како што е прикажано во серијата. По извршувањето на казната, само му ја покажувале крвавата кошула.

8. Султанот Сулејман го добил прекарот „величествениот“ од западните народи, не од Османлиите.

9. За време на инаугурацијата на султанот се користеле 121 топ. Во серијата е прикажан огномет. Во тоа време, Османлиите немале ваков обичај.

10. Во серијата, Насух Матракчи се појавува како изгубен и луд човек на улица. Но, тој бил еден од најчуените луѓе во тоа време. Бил заедно со Кануни и Маниси, а во серијата со султанот се запознава во Истанбул.

11. Кога султанот Сулејман дошол на тронот, имал 26 години, а во серијата актерот има 41 година.

12. Султанката Хурем се родила 1506 година. Имала 14 години кога дошла во палатата. Актерката во серијата има 27 години.

13. Кога султанот Сулејман дошол на тронот, бил во старата палата, а не на Топкапи.

14. Тој не ги примал странските делегати на начинот на кој е прикажан во серијата – да се влечат по подот.

15. Ниту еден делегат (освен од туркиот свет или племе) не можел да влезе во собата во која заседавал Диванот, а во серијата влегува.

16. На заседанието на Диванот, кога султанот зборува, никој друг не смеел да зборува. Во серијата ова не е случај.

17. Во Хармот не биле сместени само робинките на султанот. А, во серијата ова е така.

18. Облеката на јаничарите не одговара на облеката од тоа време.

19. Во серијата главниот чувар на одаите Хас и некои везири се шетаат без капа. Ова било невозможно.

20. Девојките кои доаѓале во Харемот, прво поминувале низ обука и школување од 3 години, па дури потоа се запознавале со султанот. Во серијата, султанката Хурем веднаш се запознава со султанот.

Би можело да ве интересира:

Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rang... Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, а една од актерките з...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg