Свежи бои во идеален стан за млади
За да го нагласи фактот дека среќната средина може да има неверојатен ефект врз нашите животи, украинскиот дизајнер Ино Геташвили, ги искористил боите и својата фантазија за да опреми еден прекрасен апартман во Одеса.
На 110 метри квадратни, дизајнерот се решил за стилот на отворена средина каде што во едно се спојуваат дневната соба, кујната и трпезаријата.
Домот одржува позитивна комуникација со своите сопственици преку позитивните пораки на ѕидовите: „Насмевка“, „Љубов“, „Соништа“ и „Патувања“.
Креативноста одиграла значаен дел во нагласување на спојот од топлите бои и системот за осветлување, па сè до текстурите и нивното преточување со сè останато – идеално за млади.