9 изненадувачки употреби на белиот шеќер
Постојано читаме и слушаме за штетноста на шеќерот, но овој јагленохидрат неправедно е ставен на црната листа на штетни намирници.
Ако не се употребува за исхрана, туку во други, помалку познати намени, овој додаток во исхраната може да биде многу корисен.
Белиот шеќер треба да се избегнува во прехраната, но е добредојден сојузник во нашето секојдневие.
Ви ги откриваме добрите страни на шеќерот и девет начини како да го користите, а да не внесете ниту една калорија!
1. Го одржува цвеќето свежо
Додајте две лажичиња шеќер и две лажици алкохолен оцет во водата во вазната за долготрајна свежина на цвеќето. Шеќерот е добар за стеблото, а оцетот го спречува развојот на бактериите.
2. Ја ублажува лутината на храната
Млекото исто така делува, но ако некој не сака да пие млеко за време на ручекот, или вечерата може да употреби шеќер за да го ублажи чувството на горење во устата по консумирањето на лута храна. Малку шеќер е доволно, дури и не морате да го проголтате ако ги броите калориите.
3. Лечи рани и инфекции
Ако ставите шеќер на воспалени, инфицирани рани и чиреви тој ќе ги убие бактериите кои го спречуваат заздравувањето на раната и кои предизвикуваат хронична болка.
4. Прави пилинг
Помешајте шеќер со бадемово, или маслиново масло, а за пријатен мирис додајте неколку капки етерично масло по сопствен избор. Истријте ја кожата со смесата и исплакнете под туш. Ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе добиете мека, мазна и нежна кожа.
5. Ги отстранува дамките од трева
Ако се плашите да употребите избелувач, особено ако станува збор за ткаенина која што содржи повеќе бои, дамките од трева обидете се да ги отстраните со паста од шеќер и вода. Смесата нанесете ја на дамката, нека постои еден час, а потоа исплакнете со чиста вода.
6. Ги прави усните помазни
За нега на суви усни, измешајте еднаква количина шеќер и маслиново масло додека не добиете густа смеса. Пастата нанесете ја на усните и оставете ја да постои околу триесетина секунди. Избришете ги усните со влажна крпа и уживајте во усни меки како свила.
7. Ја чисти мелницата за кафе
Ако сте поборник на старото школо па сè уште сакате самите да си го мелете кафето, вашата мелница ќе работи подолго и подобро ако ја чистите со шеќер. Освен тоа, ќе се апсорбира мирисот од остатокот на зрната кафе и зачините кои ги мелете. Едноставно ставете шеќер во мелницата и мелете го неколку минути.
8. Го смирува изгорениот јазик
Исто како што го ублажува чувството на горење во устата после јадење на лута храна, помага и во смирувањето на изгорениот јазик. Ставете малку шеќер на изгорениот дел и болката би требало веднаш да престане.
9. Ги чисти рацете од маснотии
Мрсните раце исчистете ги со смеса од еднакви количини на маслиново масло и шеќер. Тријте ги дланките една со друга и кога ќе почувствувате дека повеќе не се мрсни темелно измијте ги со вода.