Неверојатен спој: електрична гитара и компјутер
Со растот на мобилните уреди, расте и бројот на начини за поврзување на разни електрични уреди со нив, па така меѓу најновите хитови е поврзување на електрична гитара со смартфон, таблет, лаптоп или обичен десктоп компјутер.
Се работи за евтината, но квалитетна имитација на познатата Fender Stratocaster, со име Fender Squier USB Stratocaster Guitar која, како што кажува нејзиното долго име, ви овозможува да ја поврзете за iPhone, iPad, iPod touch, Mac или обичен PC со Windows.
Штом ја поврзете гитарата во компјутер, можностите се неограничени. Можете да преземете програма, иако оди во овој пакет, за емитирање на засилувач со разни ефекти, педали и што уште не.
Овој пакет, со сите прирачници и кабли во него, чини 200 долари, а убавото е тоа што во секој момент истата гитара можете да ја приклучите на вистински засилувач и да „рокате“ како што тоа го прават другите. Изборот е ваш.