Прстен кој ве потсетува на годишнината
Доколку сте еден од оние парови кои често треба да се потсетува на датуми и годишнини, постои едноставно решение.
Remember rings се создадени токму за вакви парови. 24 часа пред вашата годишнина, прстенот се загрева на секоја час благодарение на технологијата “Hot spot”.
Всушност топлината е онаа која што ве потсетува дека се ближи вашиот ден. Тука не се вмешани батерии, така што тие нема да може да ви бидат изговор доколку повторно заборавите.
Овој прстен ја користи вашата топлина на прстите, за да создаде електрицитет за да функционира.
Датумот се програмира уште со самото бирање на бурмата. Од тој ден ќе ви биде навистина полесно доколку сте партнер кој заборава, а до себе имате партнер кој тоа го нервира. Вистинско олеснување!