Ова е најголемиот и најубав огномет до сега!
Кувајт пред некој ден приреди огномет кој влезе во Гинисовата книга на рекорди, а го направи по повод 50 годишнината од независноста на оваа земја.
Златниот јубилеј се одржа на 10 ноември и земјата го прослави со најголемиот огномет досега, за кој е потрошено неверојатни 15 милиони долари.
Илјадници граѓани на Кувајт го исполнија брегот на арапскиот залив за да го гледаат огнометот во разни бои и видоа дури 77.292 ракети лансирани за еден час.
За време на нивните 50 години, парламентот се распушти 9 пати, а и самата прослава се одржа на сред политички немири и обвинувања од опозицијата.
Но, тоа не ги спречи да го направат овој спектакуларен огномет.
Што мислите, дали можеме да ги надминеме кога Македонија ќе слави 50 годишнина од „официјално“ постоење?