Креативни куќишта за компјутер
Куќиштето на компјутерот е местото каде што се наоѓаат мозокот и срцето на компјутерот, но истовремено за многумина е само голема бела правоаголна кутија со едноличен изглед.
За волја на вистината, компјутерските куќишта во голем дел го немаат променето својот изглед уште од почеток на 90-тите кога почнаа нагло да се појавуваат на пазарот.
Единствен исклучок може да му се даде на Apple кој отсекогаш се трудел да не биде ист, па затоа нивните куќишта биле нешто поразлични – што во форма, толку и во боја.
Исто така, исклучок се и тврдокорните гејмери кои решиле играчката околина да си ја претворат во „вселенски брод“, па затоа нивните куќишта имаат чудни облици, а обоени се и мониторот и тастатурата.
Но, не мора да бидете гејмери за да ја разбиете секојдневната монотонија која јас создава онаа бела или црна кутија.
Едноставно треба да бидете малку креативни како овие луѓе: