Напалени конобари
Вработените во студентскиот бар Синерс во Њукасл, Англија, најверојатно патат од вишак пиво и тестостерон. Ставиле натпис над шанкот на кој...
...пишувало дека секоја девојка која ќе им ги покаже градите ќе добие бесплатно пиво.
Овој бар станал мета на медиумите од кога бил забележан овој натпис кој навистина функционирал.
Реагирале дури и британските политичари. Лабуристот Denis MacShane изјавил дека спорниот бар промовира деградација на жената, пишува британски Метро.
Еден од министрите за кого зборот “гради“ се најверојатно највулгарен збор кој може да се изговори вели “Дали сте свесни дека во земјава постои бар каде студентите скоро забележале натпис на кој е напишано дека секоја девојка која ќе ги покаже... зборот почнува со “г“ и завршува со “и“... на конобарите, ќе добие бесплатно пиво?“
Министерот вели дека ова однесување на вработените е неодговорно и дека владата има мерки за спречување на вакви постапки.