Приказна: Што значат годините и искуството
Еден стар фармер имал голем имот покрај езеро.
Под јаболкниците и праските поставил клупи и маси, идеално за пикник. Езерото било уредено и идеално за пливање.
Едно попладне, одлучил да погледне дали е сè во ред и дали има зрело овошје да набере.
Земал голема канта и тргнал кон езетото.
Прво слушнал кикот на женски гласови, а кога се доближил до езерото видел група девојки кои голи се капеле во неговото езеро, кога го забележале, сите влегле во вода до врат.
Една од девојките извикала:
„Ништо нема да видите. Не излегуваме од вода додека сте вие тука!“
Старецот одговорил:
„Не дојдов вас да ве гледам како голи се капите и како излегувате голи од водата“.
Им ја покажал кантата и рекол:
„Само дојдов да ги нахранам крокодилите!“