Нови ТВ серии и што да очекувате од нив (II дел)
Како што ветивме, вчера ви го дадовме првиот дел од прегледаните серии, а денес следи вториот. Се надевам дека сте задоволни од овогодинешната сезона на серии.
Мене ми стана како хоби да си прогнозирам која од овие тазе серии ќе ги преживее рејтинзите и трката за популарност, а која ќе ја гледаме наредната година.
За сега имам неколку кандидати, а се разбира дека и вие можете да прогнозирате подолу во коментарите.
Се надевам дека меѓу понудените телевизиски серии ќе се најде нешто за сечиј вкус.
666 Park Avenue
Млада двојка од рурална Америка, добива неверојатна шанса да живеат и да го одржуваат комплексот Дрејк. Тоа е огромна резидентална зграда со многу историја, сместена во центарот на Њујорк. Сопствениците на зградата ги глумат актерите Тери О'Квин (го гледавме во Lost) и Ванеса Вилијамс (нам позната од Desperate Housewives или Ugly Betty), додека новите домари се глумени од Рејчел Тејлор (Charlie's Angels, Grey's Anatomy) и Дејв Анабел (Brothers & Sisters). Но, комплексот Дрејк има свои мистични тајни. Сите станари имаат склучено договор со ѓаволот како би им се исполниле најдлабоките желби, било тоа љубов, секс, пари, моќ или одмазда.. Се разбира цената за исполнувањето на желбите е прилично скапа. Покрај фантастичниот кастинг, и одличната продуцентска екипа верувам дека оваа хорор мистерија ќе си најде своја верна публика.
Ах, дојдовме до уште една телевизиска обработка на стрип, со тоа што има доста креативни промени од оригиналниот стрип. Дејствието е сместено во Старлинг Сити, каде Оливер Квин е мултимилјадерски плејбој преку ден, а одметник преку ноќ. Имено, на почетокот на серијата се раскажува како цел град сметал дека Оливер заедно со татко му и останатиот екипаж загинале во поморска несреќа, но после 5 години се открива дека Оливер е единствениот преживеан. Тој се враќа во родното место како променет човек, човек со мисија. Да го одмазди својот татко и да го штити градот. Серијата е склопена како машка верзија на Revenge, со тоа што Оливер има цела тетратка со имиња на пријатели (можда продуцентите се надеваат дека серијата ќе трае многу години...)
Серија што е сместена во не толку далечна постапокалиптична иднина каде што воопшто нема струја. Свет во кој технологијата едноставно исчезнала и луѓето веќе со години живеат како номади. Државите се распаднале, се формираат нови општества, луѓето се тепаат за храна.. Но, некои од нив се уште се прашуваат како да ја вклучат струјата. Од креаторите на Lost и Supernatural, можеме да очекуваме само добри работи. И се разбира, скокање на приказната напред назад во времето и комплицирани релации меѓу главните ликови. Актерската екипа е фантастична, можеме да забележиме доста познати актери од телевизиски серии како и од филмови. Очекувам приказната да стане уште поинтересна како полека се разјаснуваат настаните од минатото.
Кратка комична серија што брзо се гледа и брзо се заборава. Соседите во серијава се вонземјани кои живееле на земјава веќе некое време, но немале допирни контакти со надворешниот свет. Тие читаат книги наместо да јадат, имаат имиња по познати спортисти, и возат коли за голф терени. Кога една типична американска фамилија ќе се всели во нивниот комплекс работите ќе се сменат. Ако во Third Rock From The Sun вонземјаните се вселија меѓу луѓето, тогаш оваа серија ја покажува обратната насока, т.е. кога земјаните ќе се вселат меѓу вонземјаните. Најискрено и накратко серијава не ветува многу.
Политичко воена драма која раскажува за една подморница опремена со нуклеарни проектили на која и било наредено да ја нападне државата Пакистан. Бидејќи наредбите пристигнале преку второстепен канал, капетанот на подморницата се посомнева во наредбите и кога бара потврда од Вашингтон тој е отпуштен од функцијата на капетан. Тука станува се’ поинтересно. Бидејќи во наредните неколку минути, подморницата е погодена со проектили испукани од Америка. Како би се спасиле од сопствената држава која сака да ги потопи, наоѓаат спас во еден остров од каде си го бранат името и честа. Ако сте по политички манипулации и воени игри тогаш ова е дефинитивно серијата за вас. Капетанот го глуми Андре Браугер кој го знаеме од Homicide: Life on the Street , додека неговиот заменик е Скот Спидмен кој го знаеме од серијата Felicity или од филмовите Underworld.
Иако покрива прилично тажна приказна, ова е најсмешната комедија што се појави во етерот оваа телевизиска сезона. Метју Пери (од Friends) го глуми Рајан Кинг, спортски коментатор што неодамна ја изгубил својата жена. Бидејќи не може да се справи со тагата, се приклучува во група за давање поддршка. Иако скоро секоја епизода тој тврди дека не припаѓа во таа група, дека не може да ги поднесе, дека не му се пријатели... тој сепак сфаќа дека му е потребна помош и дека му одговара дружењето со другите губитници. Хуморот е бистар и паметен, дијалозите интересни и се користат референци кон други филмови, серии, реални настани и личности. Навистина е забавно да се гледа оваа серија. Нека не ве премислува тажната приказна, дадете и шанса!
Американска модерна верзија од класичните приказни за Шерлок Холмс, со таа мала измена дека Вотсон е женско (супер згодната Луси Лу). Другата разлика е дека дејствието е сместено во Њујорк наместо во Лондон. Серијата е смислена како процедурална криминална драма, каде секоја епизода ќе се решава по еден случај и ќе се откриваат делови од фантастичната персона на Шерлок. Како и сите други екранизации на овој култен лик, можете да очекувате доста интересни дијалози и приказни, како и неодоливиот британски хумор.
Ако некоја серија што имала премиера оваа есен а не сме ја предложиле можете да ги искористите кометарите подолу да ни ја посочите!
И.Т. | Црнобело