Нови ТВ серии и што да очекувате од нив? (I дел)
Како што дојде есента така и започна новата телевизиска сезона која ни донесе поприлично многу нови серии.
За да не лутате низ многуте серии кои моментално се прикажуваат, си дадов задача да ги погледнам сите премиери и да ви спремам неколку зборови.
Сериите се заразна работа, ретко кога се откажуваш од некоја, чувствуваш потреба дека мора да ја догледаш, а во меѓувреме пропушташ што ново се појавило на етерот.
Денес ви го даваме првиот дел од прегледаните серии, утре ќе следува вториот.
Се надевам дека помогнавме при изборот на новата омилена серија!
Beauty and the Beast
Модерен римејк на култната приказна за убавицата и ѕверот што на сите ни е позната. Со мал детаљ дека во овој свет нема магија и ѕверот не огромно чудовиште. Тој има само лузна на лицето, што го прави и уште посекси наместо пострашен. Спроти него, како убавицата ја имаме Кристин Креук, ако гледате телевизиски серии ќе ви биде позната како Лана Ланг од Smallville или Edgemont. Убавицата не е беспомошна девојка туку е опасна детективка. Моето лично мислење е дека има потенцијал серијата, но многу заличува на Law&Order. Се надевам дека со наредните епизоди ликовите ќе пораснат, а индивидуалните приказни низ епизодите ќе станат поинтересни.
Не знам зошто, ама имам слабост спрема кантри музиката, па ако оваа критика ви се причини предобра имајте го тоа во предвид. Дејствието е сместено во Нешвил, како што кажува и самиот наслов на серијата, градот познат исклучиво по кантри музика. Ја следиме Рејна, веќе во своите 40ти години, најголемата женска пејачка сензација во Америка, но нејзината слава бледее. Новата млада публика ја слуша Џулиет, која полека го зазема кантри етерот. Таа е секси манипулаторка што ќе направи се за да успее во бизнисот. Кони Бритон ја глуми постарата пејачка, која ја знаеме од Friday Night Lights и од Spin City, што се прикажуваше кај нас, додека младата пејачка во подем е глумена од Хајден Панатиер, за нас позната како чирлидерката од Heroes. Ако сте за сериска драма, со многу ликови и приказна што се раскажува преку цела сезона, со многу чувства, јужначко однесување и песни... тогаш ова е серија за вас.
Во морето од правнички драми се прикучува и оваа серија. Приказната е толку позната, ме боли фактот дека мора да ја напишам. Значи, имаме секси млада девојка, без работно искуство во адвокатски фирми, на која и се погодуваат такви случаи во кои таа ќе испадне херојот. Нештото по кое оваа процедурална серија се разликува од сите други е тоа дека девојкава доаѓ од Џерси. Продуцентите сметале дека ако ги измешаат Boston Legal со Jersey Shore ќе добијат популарна серија. Не се инвестирајте премногу, затоа што интернетот вели дека со само неколку прикажани епизоди, серијава е прекината и нема да се снима втора сезона. Сметав дека е фер да ве предупредам.
Креаторите на Will & Grace ни спремија уште една кратка хумористична серија која обработува стрејт-геј пријателство, со таа разлика дека сега имаме двајца момци. Мајкл Ури е хомосексуалецот и горе- доле си ја повторува улогата од Ugly Betty, додека Џо, глумен од Дејвид Крумолтц, е хетеросексуалецот во врската (тој ни е познат од серијата Numbers). Освен што се најдобри пријатели, тие се и бизнис партнери. Имаат свое архитектонско студио. Нивниот живот е релативно хармоничен се додека Џо не ја побара Ели за жена. Нивното пријателство претрпува удар и двајцата знаат дека динамиката мора да се смени. Има комични ситуации, и занимливи дијалози, но не е до степенот на урнебесна комедија (така ќе ја рекламираат еден ден на нашиве телевизии). Ако ви се допаднала Will&Grace, тогаш ова е серијата за вас.
Бен и Кејт се сирачиња и немаат никој друг на светот. Сега како пораснати гледаме дека Бен е неодговорен и смотан, нема никакви амбиции во животот и секогаш кога нешто не е во ред се враќа кај својата сестра Кејт. Овојпат се вселува кај Кејт на подолго време како би и помогнал да ја израсне нејзината вонбрачна ќерка, т.е. да поминува повеќе време со својата внука. Кратка комедија, која јас лично не ја најдов посебно комична. Има интересни моменти, многу мои пријатели и луѓе на интернет ја фалат оваа серија, но искрено јас мислам дека хуморот е на ниско ниво. Во случај да немате што да гледате, а сте во потрага по хумористична серија, може да ја погледнете оваа и да ми го кажете вашето мислење во коменарите. Ако има доволно позитивни коментари можда ќе и дадам втора шанса.
Ќерката на Мерил Стрип, ја глуми насловната улога како нова докторка тазе излезена од факултет. Низ годините таа работела на својата самодоверба,сакала да ја надмине својата тинејџерска срамежливост и сега влегува во новата болница и заприметува дека ништо не е сменето. Работењето во болницата и е подеднакво непријатно како деновите поминати во средното школо. За медицинска драма, серијава има комични моменти и ветува многу. Се надевам дека ќе ја пополни дупката во моето срце што ја остави House.
Пожарникарска процедурална драма сместена во Чикаго, дури и самиот наслов ви го кажува ова. Значи може да очекувате приказни како во било која полициска серија, со мала опомена, овие пожарникари најчесто ќе
бидат полуголи. А продуцентите најавуваат дека индивидуалните епизоди ќе се фокусираат повеќе на личните животи на пожарникарите наместо на запалените објекти. Моето мислење е дека ова е просечна серија што може да пополнува досадни ноќи. Актерската екипа е одлична го имаме Џеси Спенсер од House MD, Дејвид Ејгенберг од Sex and the City и Моника Рејмонд од Lie to me. Ако ви се допаѓале серијалите од Law & Order тогаш ќе ви се допаѓа и оваа серија.
И.Т. | Црнобело