Шармот на тапетите во домот
Наједноставниот и најбрз начин за додатна свежина во вашиот дом се токму тапетите. Не е ни чудо што се едни од најчестите декорации во речиси секој дом.
Шарени или еднобојни, светли или темни – сеедно, можете да ги вклопите во секој дел од домот.
Одберете впечатливи облоги за ѕидот доколку на просторијата и треба детаљ кој ќе го одвлече вниманието. Најдобар избор за тоа е само еден ѕид во дневната соба или пак детската соба.
Еднобојните и двобојните тапети се интересен детаљ во просторија во која нема премногу бои и шаренило, како на пример работна соба, ходник или целосно обложена дневна соба.
Погледнете неколку идеи колку модерно би можел да изгледа вашиот дом со мала промена.