Искористете го стариот мебел на модерен начин
Често пати старите раскошни фотелји, како и уникатните маси не се вклопуваат во веќе уредениот ентериер.
Сепак, со мала модификација можете да испробате неколку идеи и да додадете свежина на вашиот дом.
Старите излитени фотелји, во париски стил со едноставно тапацирање може да изгледаат гламурозно и отмено. Поставете ги во дел од куќата каде што ви недостасува малку топлина, во комбинација со едноставна маса и интересни шарени детали. Уште поедноставно е ваквиот тип на столици да ги сместите веднаш до креветот или пак до огледало во спалната соба.
Дневната соба освежете ја со необична фотелја која не се совпаѓа со ниту едно друго парче мебел или пак додадете старинска наткасна веднаш до фотелјата, заедно со стара елегантна ламба.
Експериментирајте и каде и да се одлучите да ги додадете, просторот ќе зрачи со малку поинаква елеганција и топлина.