Чудни работи за кои вистинските фанови плескаат огромна сума пари

Во екосистемот на поп-културата, постојат потрошувачи и колекционери. Втората група е подгрупа на првата, но за да се биде дел од колекционерите треба да можете да си го дозволите тоа задоволство.

cudni-raboti-za-koi-vistinskite-fanovi-pleskaat-ogromna-suma-pari-01

Некогаш, колекционерите, дури и кога не се во можност, поради преголема желба да се поседува нешто поврзано со нивното омилено шоу, или филм или нешто што некогаш го допрела некоја поп ѕвезда фрлаат огромна сума на пари за да го добијат тоа нешто.

Еве дел од најчудните работи што некогаш биле купени:

Францускиот тост на Џастин Тимберлејк

Членовите на бој-бендовите мораа да ги одржуваат фит своите тела назад во 2000тите години, што објаснува зошто Џастин би ја оставил чинијата со француски тост во студиото на едно радио во Њујорк од кој одгризал само еден залак. Но, нема објаснување зошто, тогаш 19 годишната Кети Самерс, го купи од eBay за нешто повеќе од илјада долари.

Извадениот заб на Џон Ленон

cudni-raboti-za-koi-vistinskite-fanovi-pleskaat-ogromna-suma-pari-1

Во некој период од доцните `60ти години, Џон Ленон и дал еден расипан заб на неговата куќна помошничка и ја замолил да го фрли. Потоа се предомислил и ја замолил да и го подари на нејзината ќерка, која била голем фан на Битлси. Таа не го направила ни едното ни другото, чувајќи го овој малку чуден ж спомен се до лани, кога го продаде на еден канадски заболекар за $32,000долари.

Јакната на Мајкл Џексон

Две години откако Кралот на поп-музиката замина во таа прекрасна Недојдија на небото, неговите поранешни костимографи се разделија од оригиналната црвена кожна јакна што тој ја носеше во спотот за “Thriller”. Легендарното парче облека беше продадено за $1.8 милиони долари, што ќе беше најскапото парче облека-сувенир, ако не беше тука...

Фустанот на Мерилин Монро од “Seven Year Itch”

cudni-raboti-za-koi-vistinskite-fanovi-pleskaat-ogromna-suma-pari-2

Во 1955, милиони момчиња станаа мажи благодарение на овој фустан, или попрецизно, тоа што замислуваа што има под него. Педесет и шест години подоцна, тој беше продаден за $5.6 милиони долари на неименуван купувач.

Рентгенската снимка од градниот кош на Мерилин Монро

Повторно се навраќаме на Норма Џин Бејкер. Не е тешко да се пронајде топлес слика на Мерилин, но постојат некои луѓе кои сакаа да ја видат и нејзината внатрешност. $45.000 долари и тие станаа горди сопственици на рентгенската снимка од градите на актерката снимена во 1954.

Зелената беретка на Џон Вејн

cudni-raboti-za-koi-vistinskite-fanovi-pleskaat-ogromna-suma-pari-3

Кога минатиот октомври беше продаден за нешто помалку од $180,000долари, овој предмет од филмот на Џон Вејн од 1968 година, посветен на Виетнамската војна, беше најскапата костимска шапка некогаш продадена. Ако Војводата беше жив денес, сигурно би го удрил купувачот во лице.

“Тигар” гитарата на Џери Гарсија

cudni-raboti-za-koi-vistinskite-fanovi-pleskaat-ogromna-suma-pari-4

Оваа специјално, по порачка направена гитара беше водечка гитара на Џербер(неговиот прекар) од 1979 до 1989, кога ја замени со поново, посекси парче. Како и сите лукави луѓе, тој повторно и се врати на “неа”, свирејќи повторно на тигарот во 1995 на настапот што всушност ќе биде неговиот последен јавен перформанс. Не може да ставите цена на нешто толку историско. Освен ако не сте сопственикот на Indianapolis Colts. Џим Ирсеј,  ја купи во 2002 за $850,000 долари.

Шамивчето на Скарлет Јохансон

cudni-raboti-za-koi-vistinskite-fanovi-pleskaat-ogromna-suma-pari-5

Ова не беше обично марамче извадено од пакетче Палома. Употребеното шамивче на Скарлет, купено од страна на малку чуден купувач на eBay во 2008 за $5.300 долари, и беше подадено на Скарлет од страна на Џеј Лено, употребено на телевизија поради настинката што ја добила од Семјуел Л Џексон. Тоа е навистина гламурозно шамивче.

Тркачкото одело на Стив Меквин

cudni-raboti-za-koi-vistinskite-fanovi-pleskaat-ogromna-suma-pari-6

Колекционерите на автомобили посакуваат по нешто од Меквин, редовно плаќајќи големи суми за да купат нешто од сопственоста на актерот. Така што, не беше големо изненадување кога белото тркачко одело на Кул кралот од тркачкиот филм Le Mans беше продадено за $800.000 долари - околу четири пати повеќе од очекуваната вредност.

Периката на Енди Ворхол

Кога сте поп-арт икона, не може да оќелавите како оние со 5 минутна слава. Тоа е причината поради која Енди Ворхол започна да носи неуредни сребрени перики за да го скрие опаѓањето на неговата коса. Во 2011, една од тие перики, заедно со ленти од трака за тупе, беше продадена за $10.800 долари. Купувачот остана анонимен.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg