8 годишно детенце зборува со мртвите
Едно 8 годишно момче од САД, се разликува од своите врсници по нешто навистина специфично.
Имено, според тврдењата на неговата мајка, малиот Антонио може да комуницира со мртвите.
Детенцето кое живее со мајка си Сенди во Њујорк, наводно комуницира со своите прадедо и прабаба кои никогаш не ги запознал.
- Мојот син може да види духови, исто како и јас. Тоа е Божји дар. Антонио ги гледа моите баба и дедо и разговара со нив. Може да ги опише и како изгледаат и што прават, тврди мајката Сенди.
Неговата приказна неодамна ја документирале и на каналот TLC во посебна епизода. 8 годишното момче не е вознемирено за оваа дарба. Единствено го загрижува неговата идна кариера.
- Сакам да бидам професионален играч на бејзбол и фудбалер – изјавил Антонио.