Пијалак со вкус на женски гради
Сексот сè продава – тоа го знаеле и во германската компанија "G-Spirits" која на пазарот пласирала ограничена количина алкохолен пијалак кој е точен во шишињата преку голите женски гради на зајчиците од Плејбој.
Упатените би рекле дека во прашање е вистински раритет кој нема цена, бидејќи се работи за неверојатна арома.
Германската компанија произвела по 2.500 литри виски, рум и вотка, а цената на едно шише од овој невообичаен пијалак е од $150 до $180 долари.
- Забележавме дека не е само вкусот тој поради што во потполност уживате во некој пијалак. За нас тоа е и еротиката на убавата жена. За да го усовршиме вкусот, пуштавме секоја капка да помине преку градите на посебен тип жени, специфично за одреден вид на жестина – наведено е на сајтот на компанијата.
Иако некои ќе помислат дека овој концепт е нехигиенски, "G-Spirits" истакнува дека сè е направено во согласност со правилата на Министерството за здравје во Берлин. Трите убавици кои своите гради ги избањале во виски, рум и вотка се Алекса Варга, моментална сопственичка на титулата „зајчица на годината“ во Унгарија, Амина Малакона и Евелин Ауберт.