Совети од успешните: Како да го надминете стравот?
Едно од најтешките прашања и препреки во животот е како да го надминеме стравот кој нè следи целиот живот.
Ова се совети од 5 успешни и познати луѓе за тоа како тие успеале во борбата против него.
Никогаш не се предавајте
„Никогаш да не се предавате. Може да дојдете и во позиција каде што е невозможно да се пронајде излез. Но, не плашете се, бидејќи ако умрете, нема начин да го дознаете тоа“.
- Чак Јегер, првиот човек кој го проби звучниот ѕид.
За сè има прв пат
„Имаше еден момент кога навистина се сомневавме дали е возможно физички да се достигне врвот, бидејќи никој не успеал во тоа пред нас. Штом успеавме во тоа, мислам дека полесно им е на другите кои пробуваат после нас“.
- Сер Едмунд Хилари, првиот човек кој се искачи на Монт Еверест и се врати да раскаже за тоа.
Верувајте им на вашите способности
„Може да се удавите и во обична када. Длабочината не е толку важна освен ако не сте нуркач па да мислите на декомпресија. Не дека нема ризик, но кога работите нешто треба да се потпрете на вашите вештини и самодоверба“.
- Дон Волш, првиот човек кој нурнал до најдлабоката точка на океанот.
Не плашете ја следната генерација - вие плашете се за нив
„Рекордите се постигнати за да се срушат. Јас ќе бидам восхитен кога ќе се случи тоа. Но, секогаш се плашам дали следбениците се соодветно истренирани. Ако не се, тогаш се соочуваат со огромен ризик“.
- Џо Китигнџер, падобранец кој рипнал од над 31.333 метри
Моменти на спокојство
„Две години пред мисијата бев загрижен за техничките детали на помошниот мотор, како и тоа дали тој ќе издржи да ни послужи. Кога веќе стапнавме на месечината, воопшто не ми падна на ум тоа. Тогаш мислев позитивно“.
- Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината