Совети за животот од најгрдата жена на светот
Лизи Веласкез пати од толку ретка болест која ја имаат само тројца луѓе на светот, па од таа причина мора да јаде дури 60 мали оброци на ден иако не успева да се здебели.
Заради својата болест нема воопшто масно ткиво, и со години наназад гледа како ја нарекуваат „најгрдата жена на сетот“ а има само 23 години. Конечно, таа реши да одмавне со рака на грдите коментари. Таа е родена во САД и тежи само 25 килограми, а напиша втора книга за својата битка со животот, и се надева дека ќе помогне на другите кои се наоѓаат во слична ситуација.
Во "Be Beautiful, Be You" дели совети за тоа како е да се биде посебен, како да ги пронајдете и задржите добрите пријатели и како да се справите со малтретирањето и негативностите.
„Еј, јас сум Лизи, наместо да ме зјапаш, почни да учиш од мене!“ – порачува таа.