Фенг Шуи: Спална соба создадена за секс и романтика
Ако вашата спална соба се наоѓа на југозападна страна тогаш сте посебно среќни, затоа што оваа страна симболизира романтика и секс.
Ова се неколку совети, како да ја уредите спалната соба за да ги зголемите вашите љубовни шанси.
- Горниот дел од креветот треба да биде на јужен или источен ѕид за да ги зголемите своите лични потенцијали за привлекување на љубовта во својот живот.
- Југозападниот агол е идеален за колекција драги камења, особено црвени. Црвениот кварц има многу силна фреквенција и се смета дека со негова помош можете да ги почувствувате вибрациите кај сродната душа.
- Одберете меки линии. Нежни, сензуални и сјајни материјали како свила и сатен се најсоодветни за спалната соба.
- Покрај креветот треба да има две плакарчиња/наткасни со две лампи на нив. Може да користите и црвени светилки.
- Во спалната соба сите предмети треба да се во пар: две столчиња, два плакари...
- Фотогррафии, статуи, слики од патки, птици, лептири и цвеќе, даваат порака дека се вољни да прифатите нова љубов во животот.
- Сентиментални објекти, како снежни кугли или стаклени глобуси исполнети со вода и сјајни топчиња може да ги сместите во спалната соба.
- Огледалата во спалната соба се лоша идеја, особено ако се свртени кон брачниот кревет. Тоа може да предизвика неверност во врската.