Направете сами: вкусен оброк Angry Birds
Од сега љубителите на малите лути птици можат да создадат оброк со нивните ликови, за само неколку минути. Изгледа доста комплицирано, а всушност состојките на секој ваш оброк можете да ги прилагодите за да создадете едно вакво уметничко, вкусно дело.
За црвената птица искористете малку бел ориз и помешан со томато сос за да добиете црвена боја. Носот е направен од врв на морков, а за пердувите на главата искористени се мали црвени тестенини. Очите и веѓите можете да ги направите од црн леб, а белките на очите од кашкавал.
Што се однесува до зелените прасиња, тие се направени од мешавина на ориз и истискан грашок, со уши од цели зрна грашок. Очите и веѓите се исто така направени од црн леб и кашкавал.
Во суштина, едноставни се за правење, зар не?
Погледнете колку интересен појадок може да создадете за вас или вашето дете, со малку креативност и вишок време.