Ако имате префинет вкус - суши од дијаманти, злато и бисери
Сушито е едно од најнеобичните јадења во светот, кое за многумина е предмет на интерес само заради неговите состојки и начинот на кој се изработува.
Можеби сте ги забележале различните видови и бои на суши, меѓутоа најскапото суши на светот е поразлично од се она што досега сте виделе. Ангелито Аранета ги употребил својата имагинација и искуство за да го создаде скапоценото суши во чиј состав влегуваат 24-каратно злато, дијаманти и бисери. Наградата за овој луксузен оброк и титулата “Карат готвач” се нешто што отсекогаш сакал да го постигне.
Сите оние кои се спремни да одделат неколку долари за ова задоволство, ќе добијат оброк од пет парчиња на скапоцено суши. И кога зборуваме за “неколку долари”, мислиме ни помалку, ни повеќе од $2.000 долари за порција.