i-Русија - влез во иднината
Рускиот павилјон на Венециското биенале е поделен во два дела наречени i-city and i-land. Интерактивната прошетка започнува во долниот дел каде е сместено руското минато.
За време на Студената војна биле создавани тајни градови наменети за научни истражувања, па посетителот ја доживува атмосферата на технолошки напредок и вселенски програми влегувајќи во мрачна просторија со светли точки што потсетуваат на ѕвезди. Доближувајќи се до ѕидовите, ќе забележи дека ѕвездите се всушност дупчиња низ кои може да ѕирне во тајните градови криени од светот.
На влезот во иднината на Русија, вториот кат наречен i-city, секој си зема по еден таблет за да може да ја отклучи мистеријата на проектот Skolkovo. Оваа футуристичка просторија е изградена од информации, но останува секој сам да ги побара преку QR кодови.
Набљудувачот се претвора во истражувач и со помош на таблетот малку по малку ја открива приказната за научниот град близу Москва, најавен како прототип на градовите на иднината и правен како богат и амбициозен руски одговор на Силиконската долина.