Coca Cola со Џејмс Бонд дизајн
Кока-кола објави нова лимитирана серија на лименки и шишиња со необичен дизајн. Овој пат во чест на 23-тото издание на Џејмс Бонд - “Skyfall”, чија премиера се очекува на 26 октомври оваа година.
Овој тип на реклама не се случува за прв пат во соработка со Кока-кола, меѓутоа побарувањето на овој дизајн се очекува да биде многу поголем. Партнерството со 007 серијалот започна во 2008 година, кога Кока-кола на ист начин го презентира и минатиот филм.
Еден од менаџерите во оваа компанија изјавил дека се презадоволни од изгледот на амбалажата и дека е огромно задоволство на овој начин да се презентира еден од најочекуваните филмови оваа година.