Евтини трикови за освежување на купатилото
Обновата на купатилото може да биде многу скапа, но и не мора. И најситните детали може да и дадат нов изглед на просторијата каде ви започнува утрото.
Пробајте со следниве промени:
1. Ново огледало. Промената на огледалото е еден од најлесните начини за освежување на купатилото. Побарајте евтини парчиња, комбинирајте со штосна рамка и променете го старото огледало.
2. Нова завеса за туш. Нека биде со интересен дизајн и во свежи бои кои се хит оваа сезона.
3. Канта за отпадоци. Бојата на кантата ускладете ја со бојата на завесата.
4. Налепници. Ако немате пари за нови плочки, интересните налепници прават чуда. Ставете ги на неколку плочки, чисто за освежување.
5. Патека. Купете нова гумена патека. Комбинирајте ја со држачите за пешкири.