Австралиска креативност
Голем број на креативни архитекти одредено време пробувале да направат големо освежување во центарот на Бризбејн. Комплексната фасада, за која сметале дека е вистински погодок, е целина од богата природна убавина претставена на модерен начин.
Апстракцијата која е прикажана на ова уметничко дело, како што многумина го нарекуваат, е досега нешто невидено и ново во светот на надворешното уредување. Фасадата од 4.000 метри квадратни е уникатен спој на панели и слоеви во најразлични форми и бои. Разиграноста,топлината и динамичноста на оваа фасада е она што ја прави посебна и пријатна во целиот метеж и асфалт во центарот на градот Бризбејн.
Една од многуте цели кои може да се каже дека ги постигнале големите креативци е таа дека оваа фасада е нешто што ќе биде задолжителна станица за посета за секој кој ќе отпатува во Австралија.