Куќичка од 1 m2
Често велиме дека малите нешта се најважни во животот, ама пак минуваме голем дел од животот нервирајќи се околу големи трошоци.
Архитектот Van Bo Le-Mentzel ја осмисли најмалата куќичка во светот решавајќи ги проблемите на луѓето кои немаат свој дом. Тој дошол во Германија како бегалец од Лаос и уште како дете се соочил со прашањата каде припаѓа и како и каде ќе живее.
Неговата идеја за куќичка од 1 метар квадратен е мал дом што не ве врзува на едно место, туку со вас може да патува на секое место во светот.
Mentzal не заработува од својата идеја, тој едноставно го подарува нацртот надевајќи се дека што повеќе луѓе ќе ја прифатат оваа идеја за мал простор и голема слобода.