Вистина или предизвик од Мадона
Знаеме дека Мадона сака да шокира и да заработува. Овој пат бизнисот го шири со колекција чевли насловена Truth or Dare, а поради провокативниот назив мора да признаеме дека очекувавме и повпечатливи модели.
Во дизајнирањето на кондурите што треба да ја отсликаат „и моќта и женственоста“ на Мадона, учествувала и нејзината стилистка Аријана Филипс која веќе 15 години се грижи за трансформациите на поп ѕвездата.
Цените се движат од 80 до 500 фунти, потпетиците од рамни до вртоглави, а до септември може да се купат само во Selfridges. А во септември, кога чевлите со потписот на Мадона ќе зачекорат и во други светски бутици, нејзиниот помал брат Кристофер ќе промовира своја колекција чевли и тоа на модната недела во Лондон.
-->
-->
|
-->
|
-->
|
|