3 коктели за 3 минути!
Како што температурите растат, така и желбата за нешто ледено и вкусно се зголемува.
За секојдневното дружење со пријателите ви ги препорачуваме трите најбарани коктели кои можете брзо да ги подготвите и долго да уживате во друштво со вашите пријатели:
Космополитен од лубеница
- 90 ml вотка
- 90 ml изгмечена лубеница без семки
- 50 ml лимонов сок
- шеќер по вкус
Во шејкер ги мешате сите состојки додека не се растопи шеќерот. Служите во мартини чаши, со многу мраз.
- 50 ml текила
- швепс
- лимон
Во шејкер со мраз додадете ги сите состојки и кратко измешајте. Овој коктел се служи во ниска чаша со декорација по ваш избор.
- 1 банана
- 1 лажица ликер од портокал
- свежо цеден сок од лимон
- 40 ml светол рум
- 1 лажица шеќер
Сите состојки заедно со многу мраз се ставаат во блендер и се миксираат околу 1 минута. Коктелот сервирајте го во висока чаша и декорирајте со лимон.
Испробајте и споделете го уживањето!