Средени книги - топлина во домот

Без разлика дали сте страствен читател или не, книгите се еден од најчестите „декорации“ во домот. На сосема обичен простор потребни се само неколку книги необично подредени за целосно освежување на просторот.

Лесно е книгите да ги наредите на обична полица или пак да ги наредите во некоја фиока каде што и воопшто нема да се гледаат. Меѓутоа, доколку размислите колку топлина може да внесат во една соба, можеби следниве неколку совети за нивно складирање навистина ќе ви се допаднат.

1. Направете едноставни полици.

sredeni-knigi-toplina-vo-domot-1

Полиците од неколку рафтови, подеднакво подредени се доста лесен проект за да ги направите сами. Потоа на нив наредете ги книгите во хоризонтална положба. На ѕидот каде што ќе ги закачите нека има минималистичка декорација.


2. Бидете креативни.

sredeni-knigi-toplina-vo-domot-2

Пронајдете мини масичка која што може да ја прилагодите како подвижна полица. Во некој едноставен агол од било која соба ќе делува навистина креативно.


3. Подредете ги според бојата на кориците.

sredeni-knigi-toplina-vo-domot-3

Со подредувањето според бојата се добива навистина модерен изглед. Ќе имате впечаток дека собата е декорирана со многу стил.


4. Измешајте ги книгите со други декорации.

sredeni-knigi-toplina-vo-domot-4

Користејќи цветни аранжмани или рамки со фотографии, направете секоја полица да има своја приказна. Книгите вклопете ги според кориците, но овој пат во спротивнана боја од останатите предмети.


5. Прикријте ги позади мал дел од завесата.

sredeni-knigi-toplina-vo-domot-5

Без оглед колку сте се труделе да ги подредите, понекогаш едноставно делуваат хаотично. Доколку се најдете во таква ситуација, полицата ставете ја на ѕидот и едната половина покријте ја со завеса. Мистериозниот изглед овој пат ќе ви помогне околу впечатокот на хаотична полица.

Би можело да ве интересира:

Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg