Чудо од подземни тунели
Ретко кој знае дека под сите тие шуми и дивини, Виетнамците имале цели градови под земја во кои живееле, додека на површина доаѓале само кога ги напаѓале Американците.
Додека Американците се перчеле дека со авиони и тенкови ги убивале Виетнамците, вториве со цели градови под земја, успевале да преживеат. Таму имало цело училишта, болници, продавници и други основни неопходни елементи и установи за живот спојувани со подземни тунели.
Овој подземен систем се градел околу 25 години, при што неговата изградба започнала уште во 40-тите, во војната против Французите. На почетокот, овие тунели служеле само за избегнување и криење од француските војски. Но, подоцна во 60-тите кога дошле Американците, тие се обновиле и продолжиле.