5 промени кои треба да ги направите во животот
Секој сака да промени нешто во животот – некои сакаат да добијат работа, други сакаат подобра работа, а трети се надеваат да им тргне сопствениот бизнис.
Ако сакаш нешто поинакво, можеби е време да воведеш некои промени во животот.
1. Откажи се од нешто. Најдобар начин за отворање ново поглавје е да затвориш некое од старите. Откажувањето од нешто може да биде ослободувачко искуство кое ќе ти помогне да сфатиш што е исправно и што е следното што би сакал/а да го правиш. Нека биде тоа и нешто ситно – чланарина во библиотека, цигари, пиење газирано.
2. Започни нешто. Почни да правиш нешто кое одамна сакаш да го пробаш, без оглед на потенцијалниот (не)успех. Животот се состои од искуства, експериментирања и бројни обиди кои често не резултираат онака како што сме сакале. Но, тоа не значи дека треба да се откажеш од новите работи.
3. Помалку анализирај. Дури и кога ќе се охрабриме да пробаме нешто ново, не престануваме да мислими на ризиците и опасностите во кои би можеле да се доведеме. Премногу анализирање само ќе те кочи во она што си наумил/а, затоа опуштено тргни кон нови победи.
4. Престани да смислуваш изговори. Измислувањето изговори ни е на сите добро познато затоа што е најлесен начин за да НЕ се направи нешто. Земи ги работите во свои раце и одлучно тргни напред.
5. Пронајди начин. Престани да се трудиш околу нешто што ти создава огромни маки. Ако мислиш дека не заработуваш доволно пари, едноставно престани да размислуваш за ова и смисли креативни начини како да ги трошиш во иднина. Прошетај се или погледни некој филм, немој да силиш нешто што не доаѓа природно само по себе.