Спакувајте го несесерот во 5 чекори

spakuvajte-go-neseserot-vo-5-cekori-1

Не ви останува уште многу време за да го спакувате својот несесер? Мудро испланирајте што ви е навистина потребно. Сите сенки, пудри, сјаеви се непотребно зафаќање на простор во куферот. Пробајте да се спакувате придржувајќи се до следните чекори.

Нека ви биде на ум дестинацијата која сте ја одбрале

Сте се упатиле кон тропска локација? Одберете ги производите кои сте сигурни дека ќе издржат високи температури и голема влажност. Исфрлете ги тешките подлоги за пудра. Доколку планирате да присуствувате на забави и вечерни прослави, не ги заборавајте темните сенки за нагласени очи и светкавите сјаеви.

spakuvajte-go-neseserot-vo-5-cekori-2

Користете производи 2 во 1

За да ослободите малку простор во несесерот, не заборавајте да ја земете пудрата која во себе содржи подлога. Ќе можете да ја користите за целото лице, од очите до усните. Исто така одберете и шампон кој содржи богати состојки и користете го без регенератор или маска.

spakuvajte-go-neseserot-vo-5-cekori-4

Искористете ги тестерите

Секој производ има бесплатни примероци кои можете да ги најдете во најблиската продавница за убавина. Не се срамете, земете и искористете ги! Ова е совршен начин да заштедите простор.

spakuvajte-go-neseserot-vo-5-cekori-5

Кршливите производи извадете ги од несесерот

Наместо да се грижите како кршливото шишенце да го наместите, извадете го. Завиткајте го во кеса или мека салфетка и вметнете го во некој пар чевли. Така сигурно нема да се измести, а и ќе го искористите просторот кој ќе го забележите додека ги пакувате чевлите.

spakuvajte-go-neseserot-vo-5-cekori-6

Размислете за цврста опаковка

Доколку имате омилени сенки и руменила кои сакате да ги понесете, размислете за цврста опаковка во која ќе ги спакувате. Сè ќе биде посредено доколку претходно направете список кој треба да вклучува: пудра, коректор, пудра во прав, палета на сенка за очи, маскара, туш за очи, руменило и сјај за усни во две различни бои.

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rang... Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, а една од актерките з...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg